Ковачевски и Мишел: Францускиот предлог предвидува чист македонски јазик

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој денеска е во посета на земјава, на средба со премиерот Димитар Ковачевски истакнале дека францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија и почнување на преговорите со ЕУ овозможува чист македонски јазик еднаков со останатите во земјите-членки на ЕУ.

По средбата со шефот на државата Стево Пендаровски, Мишел се сретна и со премиерот Димитар Ковачевски.

„На средбата, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Шарл Мишел потенцираа дека европскиот предлог за отпочнување на преговорите за Северна Македонија ги вклучува сите македонски позиции и забелешки и дека преговорите може да почнат веднаш по одобрување на истиот. Предлогот, истакнаа премиерот Ковачевски и претседателот Шарл Мишел, предвидува чист македонски јазик, еднаков со останатите јазици на земјите членки на ЕУ. На средбата од страна на претседателот на Европскиот совет Мишел уште еднаш беше потенцирана поддршката и заложбата на Европската Унија за почеток на преговорите со Северна Македонија, посочувајќи дека ова се клучни моменти за напредокот на нашата држава од економски, политички и социолошки аспект“,соопштија од Владата.

Ковачевски, пак, како што додаваат истакнал дека поддршката од ЕУ во процесот на интеграција на Северна Македонија, е од особено значење за државата во исполнувањето на основата стратешка цел, а тоа полноправното членство во ЕУ.

„При тоа премиерот Ковачевски на средбата потенцираше дека во изминатите денови предлогот од француското претседателство беше дискутиран на консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите, како и со опозициските партии“, велат од Владата.

Мишел присуствува и на владина седница која е во тек, а по нејзино завршување ќе одржи и заедничка прес-конференција со премиерот Ковачевски.

Total
0
Shares
Related Posts