Бројот на загинати во денешниот земјотрес во Хрватска е зголемен на седум.
Градоначалникот на Лекеник, Ивица Петровиќ, за хрватските медиуми потврди дека безживотното тело на еден човек е извадено од под урнатините на парохиската црква Св. Никола и Вида во Чажина.
Телото е извлечено по шестчасовно пребарување и тоа е седмото лице кое го загуби животот во денешниот земјотрес во Хрватска.
извор фото : Хрватски медиуми