Сакаме да ја премолчиме нашата болка, таа е иста во сите ожалостени семејства, објави одбојкарот Кобиљски

Српскиот одбојкар Драган Кобиљски за првпат проговори откако неговата ќерка беше една од деветте жртви на масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар.

Кобиљски и се обрати на јавноста преку објава на социјалната мрежа Фејсбук.

„Почитувани, ја цениме вашата желба да земете од таква трагедија барем порака за луѓето и општеството да се вратат на вистинските вредности и да застанат на патот на злото околу нас. Ние сме скромни луѓе кои само сакаме да ја премолчиме нашата болка. Ниту го сакаме, ниту се согласуваме со споменувањето на нашето дете повеќе од другите трагично загинати и тешко повредени деца, бидејќи сите тие се убави суштества, а родителската, братската и сестринската болка е иста во сите ожалостени семејства“, рече Кобиљски во објавата.

Ученик во седмо одделение минатата недела уби осум деца и чуварот во ОУ „Владислав Рибникар“.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина Кралицата Елизабета Втора

Кралицата Елизабета Втора, која беше најдолго на кралскиот трон во британската историја, почина на 96 години, соопштија од Бакингемската Палата.…