Коњско место со декларација на телешко – Европол откри тешка измама во Хрватска

Во Хрватска влегло коњско месо со декларација како телешко. Ова го објави Европол, кој работи половина година на истражување на трговијата со фалсификувани прехранбени производи, пишува Дневник.хр.

Имено, коњско месо се продавало како телешко во продавниците ширум државата и на Интернет, а токму тоа го откри агенцијата на ЕУ, Европол, која им помага на европските земји во борба против меѓународните злосторства и тероризмот.

„Ние редовно ги менуваме европските закони, ги подобруваме и ги заоструваме за да спречиме фалсификување храна, но за жал секогаш има такви имагинативни поединци кои се „снаоѓаат“. Тие секогаш наоѓаат некои дупки во законот”, објаснува европратеничката Билјана Борзан.

Во операцијата наречена ОПСОН Х, која била спроведена од декември 2020 година до крајот на јуни годинава во Хрватска и во други 72 земји во светот, запленети се речиси 16.000 тони стока.

Освен месо, повеќето фалсификати во Хрватска се наоѓаат меѓу алкохолните пијалоци – каде преовладуваат виното и вотката. Вредноста на нелегалната храна и пијалоци запленети во акцијата е 54 милиони евра, а издадени се над 600 глобални потерници.

Во својата работа, европратеничката Билјана Борзан дошла и на други видови фалсификување храна.

„Фалсификувањето храна многу често се случува кога станува збор за храна која е обележана како био, органска, еко и слично, што најчесто ги купуваат оние луѓе кои мораат од здравствени причини. Со тоа е и несреќата уште поголема“, вели Билјана Борзан.

Царинската управа учествувала во акцијата, а таа била спроведена преку зголемен надзор и контрола врз возила, комбиња, камиони и автобуси, како и преку зголемниот надзор врз лица кои ја поминуваат државната граница.

„Ги заостривме законите и казните сега се толку високи што треба да ги одвратат сите што ќе се обидат да изневеруваат со храна. Ги засиливме инспекциите за да го сведеме на минимум мамењето со храна”, објасни Борзан.

Засега не се знае точно колкаво количесто на коњско место завршило на полиците под телешко месо.

Total
7
Shares
Поврзани објави