Кристина Арнаудова го одjави својот проект : “Нема доволно спонзори, тешко доаѓав до донации, мајстори…”

Нашата позната пејачка Кристина Арнаудова, се обиде, налик на сличните проекти од соседството, за помош на семејства со ниски примања, кои не можат да си овозможат пристоен дом.

Нејзиниот проект добро стартуваше, но за жал ќе запре, а Кристина денес објасни зошто:

„Драги пријатели ова ќе биде малку подолго…, Драги гледачи, поддржувачи на Проект Куќа и концептот хуманоста да ја ставиме на медиум и да ја направиме популарна, ви благодарам на поддршката која ја добивав во текот на целиот процес на работа на овој проект!

Се надевам дека уживавте, ви беше интересно, но од друга страна се надевам и дека навистина покажавме дека кога сме сплотени чуда се случуваат, што беше и крајна цел на Проект Куќа.

Денес ќе ја гледате последната епизода од оваа прва сезона на Проект Куќа.

Постојано ме прашувате дали ќе има втора сезона, а јас не знам што да ви кажам, бидејќи колку и да сакам, реалноста е дека проектот нема доволно спонзори, а и самите бевте сведоци како доаѓав до донации и каков тежок процес беше тоа.

Едно е да имаш спонзори и екипа и да работиш на таков проект, а сосема друго е да мораш за секој дом да бараш донации од ново и од ново…па да бараш мајстори.

Драго ми е што ете покажавме дека и во Македонија се можни такви проекти, и дека знаеме и можеме, но од друга страна покажавме и дека македонскиот бизнис сектор особено најголемите компании, и генерално медиумите не дадоа поддршка за да можеме да продолжиме.

Ова беше наша заедничка битка, Македонија да биде солидарна земја, каде секој ќе сака да се грижи за својот ближен. А за тоа не треба многу. Но ете и тоа малку секогаш ни недостасуваше.

Среќна сум што успеав заедно со компаниите кои се вклучија но и лицата кои донираа, да создадеме среќа, нови домови но и исполнување на соништата на многу деца.

Далеку сум од бројката која мислев дека ќе ја стигнам, а тоа беа 36 дома. Но среќна што успеавме да стигнеме и до тукa.

Таа се заблагодари на сите соработници и семејството.

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Видео: Како се трансплантираше срцето на Емилија, како работеше медицинскиот тим предводен од кардилогот д-р Сашко Јовев

По успешната трансплантација Иван утринава се рабуди со новото срце. Сега следува најважниот период од неговото закрепнување дали…