Мажот од скопското село Стајковци кој во мај годинава ги уби братот и снаата, доби 20 години затвор, информираа од Јавното обвинителство.
Осудениот Љ.К. кој е на возраст од 67 години, по вербална расправија со метална шипка ја удирал прво жената, нанесувајќи и тешки телесни повреди од кои таа веднаш починала.
Потоа од братот побарал да му даде клуч од гаражата, па кога тој одбил исто така го удрил со шипката повеќе пати во главата, нанесувајќи му смртоносни повреди.