Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија Јово Вангеловски вечерва на емисија “Само Вистина” на Канал5 појасни дека судскиот процес Монструм е вратен на повторно судење оти не е добро дефинирано кривичното дело. Според судиите на Врховен не е јасно дали се работи тероризам или петкратно убиство. Исто така дел од доказите не биле доволно аналиризани особено оние кои се поврзани со автомобилот аскона кој беше пронајден неколку часа по убиството. На него беа најдени траги на земја но и капка пот на задносто седиште , која обвинителството тврдеше дека е на еден од осомничените.
Алил Демири, браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Aзири и Сами Љута со правосилна пресуда на Апелациониот суд Скопје беа осудени на доживотна казна затвор за петкратното убиство што на 12 април 2012 година, Велики Четврток, се случи кај Смилковското езеро. Единствено oбвинетиот Сејди Рами беше ослободен од обвинение бидејќи Судот немаше цврсти докази што посочуваат на негова инволвираност во настанот.
Пресудата е укината како и притворот за осудените по жалбите на нивните адвокати. Ним им е наложено да не го напуштаат Скопје и редовно да се јавуват во судот.
Случајот во првостепена постапка го водеше обвинителката Гордана Ѓешкоска која во текот на судскиот процес постојано тврдеше дека случајот и убиството се акт на тероризам извршен на голем верски празник.
Поврзани објави
Три години затвор за момчето кој ја прегази девојката кај Сити Мол
Момчето кој ја прегази кај Сити Мол Викторија Николова која почина од ударот е виновен и осуден на…
Јанкуловска за 5 минути ќе останеше без адвокати
Судијката Добрила Кацарска на судењето во издвоената постапка за предметот Тенк рече дека иако се уредно повикани и…
Ременски – Жртва сум на параполициски структури
Пратеничката Фросина Ременски тврди дека е жртва на параполициски структури оти се фатла си машки полициски работи. Тврди…
Нефи Усеини и брат му пуштени од притвор со гаранција од 850.000 евра!
Укинат е 30 дневниот притвор на охридскиот бизнисмен и советник од ДУИ во советот на општина Охрид, Нефи…