Македонија ќе треба да му плати на поранешен „Хеленик петролеум“  25,6 милиони евра за договорот со ОКТА

Македонија ќе треба да му плати на поранешен „Хеленик петролеум“  25,6 милиони евра за договорот со ОКТА e пресудата на Арбитражниот суд во Париз според кој на сегашен Хеленик енерџи му се одобрени 80% од бараните 32 милиони евра. Ова го објавија повеќе грчки и француски медиуми.

Грчката енергетска компанија ја тужеше земјава поради неисполнување на договорните обврски за купување најмалку 500.000 тони нафта од Грција на годишно ниво. Според грчките медиуми овие пари ќе будат искористени за да се модернизира нафтоводот Солун-Скопје кој ќе се користи за транспорт на дизел гориво, наместо сурова нафта како во времето кога функционираше рафинеријата ОКТА.

Пред неколку дена, како што објавија француските медиуми, биле извршени потребните проверки при што било констатирано дека цевководните објекти се функционални и безбедни. Гасоводот ќе има капацитет од 1 милион тони дизел годишно, со што во целост би ги задоволило потребите на Македонија.. За рестартирање на гасоводот, компанијата Вардакс која го контролира гасоводот, поднесела барање до Регулаторната комисија за негово рестартирање, пишуваат француските медиуми. Инаку уделот на Хеленик енерџи во Вардекс е 80%, додека Македонија стопанисува со 20% преку државната компанија Нафтовод Дооел Скопје.

Од надлежните во земјава засега нема никаква информација околу исходот на Арбитражата. Хеленик Петролеум во 2019-та година ја поднесе тужбата поради престанок на клаузулата за увоз на мазут од Грција.

Со договорот за продажба на ОКТА, потпишан од владата на Љубчо Георгиевски, во 1998 година, државата беше обврзана 20 години да купува по 500 илјади тони мазут годишно, што е повеќекратно повеќе од потребите, па Македонија престана да ја почитува обврската.. Иако, овој договор долги години беше оценуван како штетен, случајот никогаш немаше правна разврска.

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Пет години од влезот на ЦАМЛ во САСА – 52 милиони долари веќе инвестирани во
одржлив развој и дополнителни вложувања планирани за наредните години

Рудникот САСА ја одбележа 5-годишнината од приклучувањето кон Централ Азија Металс (ЦАМЛ) –специјализирана рударска компанија со седиште во…