Германската компанија Мерцедес-бенц ќе се повлече од рускиот пазар

Германската компанија Мерцедес-бенц соопшти дека ќе се повлече од рускиот пазар и дека акциите во своите подружници за индустриски и финансиски услуги ќе му ги продаде на локален инвеститор, пренесува Ројтерс.

Мерцедес е третиот голем производител на автомобили што реши да ја напушти Русија откако таа земја влезе во војна со Украина. Пред Мерцедес истото го сторија јапонски Нисан и француско Рено.

Портпаролот на Мерцедес рече дека најавената трансакција не се однесува на сопственичкиот удел на компанијата во рускиот производител на камиони Камаз и дека тој удел треба да му биде пренесен на Дајмлер Трак оваа година, како што беше претходно планирано.

Total
0
Shares
Поврзани објави