Одзивот на претседателските избори до 9 часот е повисок од првиот круг, но понизок од парламентарните

Од обработени 92,13 отсто или 3 232 од вкупно 3 508 избирачки места излезеноста на гласачите во вториот круг од претседателските избори е 4,32 отсто.

За парламентарните избори на обработени 92,87 отсто или 3229 избирачки места од вкупно 3477 места излезеноста до 9 часот, според податоците објавени на веб-страницата на ДИК, кои се ажурираат сукцесивно, излезеноста до 9 часот е 4,70 отсто.

Од почетокот на изборниот ден во 7 часот, по два часа гласање, за парламентарните избори гласале 81 499 избирачи, а за претседателските избори 76 033 гласачи.

Инаку, во првиот круг излезеноста до 9 часот беше 4,06 отсто на обработени 94 проценти од избирачките места.

За да успеат изборите за шеф на државата, неопходно е на гласање да излезат повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи.

Според претседателот на ДИК, Александар Даштевски, во сите општини отворени се избирачките места и на сите нив се гласа. На неколку места, рече тој, се појавени технички проблеми кои во меѓувреме се решаваат.

„Со решение на ДИК ќе продолжи во тие места гласањето по стар начин со УВ-лампа и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци ќе продолжи со техничката опрема“,рече Даштевски.

Даштевски рече дека местата каде што биле пријавени проблеми се во Кочани, Охрид, Куманово, Тетово и во Гази Баба.

Биле поднесени и 15 приговори за избирачко право, од кои повеќето се прифатени, а само три се одбиени.

Total
0
Shares
Поврзани објави