ВИДЕО: Запленети 300 килограми марихуана во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје денеска (петок 4.1.2019), врз основа на судска наредба, а по претходно добиени сознанија од преземени мерки и активности, изврши претрес во домот на Х.Е. (30) од Скопје, општина Бутел. При претресот пронајдени се 229 кеси со марихуана со вкупна тежина од околу 300 килограми. Х.Е. е приведен, а марихуаната е предадена за вештачење и мерење.
По целосно документирање на случајот, против Х.Е. ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје поради основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ предвидено во член 215 став 1 од КЗ на РМ.

https://www.facebook.com/makedonskapolicija/videos/1971705773123045/

соопштение МВР

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Пендаровски бара организаторите во Тетово и Чаир каде имаше провокативна националистичка иконографија законски да се санкционираат

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски утрово испрати реакција по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти, каде во…
Повеќе

Три медицински сестри, вработен во техничка служба на Инфективното одделение во Кумановската болница, доктор кој работи во Скопјe и четворица пазарни инспектори, еден санитарен инспектор, новозаразени во кумановско

Во Центарот за јавно здравје во Куманово, денеска се регистрирани 24 новозаболени од коронавирус. Од нив 15 се…