Министерката Петровска покажа папки, вели во нив има материјал кој го компромитира Драган Ковачки

„Се што Ковачки досега изнесе е невистина, можеби јас имам оправдување за нападите врз мене, но не можам да најдам објаснување и оправдување за нападите на неговите поранешни колеги припадниците на Армијата кои одбрале да ја задржат униформата и да работат за интересите на државата“ рече денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Таа на денешната прес-конференција покажа две папки кои тврди дека го компромитираат Драган Ковачки, поранешен официр во армијата, сега пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој жестоко ја напаѓа, а на последната собраниска седница читаше извештај за нејзината наводна прихичка состојба.

Петровска порача дека во едната пакпа се доказите со кои што ќе ги побие сите негови негови тврдења дека крие имот, и тие се дел од тужбата која веќе ја поднела против него.

Министерката реча дека во втората папка има класифицирани податоци за минатото на Ковачки.

„На Ковачки му пречи модернизацијата на армијата, а најмногу се плаши од соддржината на двете папки. Во оваа папка, се крие товарот на неговото минато кој што длабоко го боли и заради кој не може да добие НАТО сертификат. Јас не сум дел од неговото минато. Тоа што тој правел во минатото е негова одлука и за тоа треба да ги сноси последиците“ рече Петровска.

„Славјанка Петровска треба да престане да глуми жртва и да даде одговори дали крие луксузна хациенда со базен во Радишани. Доста глуми, плаче и крие зад евтини приказни, додека во реалноста трупа и крие богатство“ реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на министерката на која таа повторно најави тужби против пратеникот Драган Ковачки.

Од партијата велат дека „за дијагнозата дека има опседнатост, инхибиција и третман со седативи, не ја измислува ВМРО-ДПМНЕ, туку тоа го содржи извештајот на Петровска со кој таа се прави жртва во тужбата против Драган Ковачки“.

„Суштината е дали навистина има Петровска ваква дијагноза, зошто ако таа е вистинита тогаш непресметлива личност го води Министерството за одбрана и треба да си замине, или пак свесно лаже, а извештајот е измислен за да Ковачки биде осуден. Јавноста е уморна од глумењето на жртва на Славјанка, додека во реалноста станува за министер кој крие имот“ стои во партиското соопштение.

Total
0
Shares
Поврзани објави