Матична докторка избркала бремена жена со болно дете – немале пари и докумети кои им изгореле во пожар во кој загубиле две деца!

„Дали Хипократовата заклетва важи кога се во прашање Ромите од Шуто Оризари?!“

📌 Здравјето е основно човеково право загарантирано со Уставот на РСМ и со меѓународни договори. Но ова не важи за општината Шуто Оризари која, поради недостигот на лекари и немањето на сензибилитет, изобилува со примери за непружање медицинска грижа.

📌 Мевлиде е 25-годишна мајка на малиот Дестан кој има само 13 месеци. Дестан нема извод од матичната книга на родените бидејќи неговите родители дури во април годинава поднеле барање за задоцнет упис. Причината за доцнењето е што морале одново да ги обезбедат сите лични документи откако претходните ги загубиле во пожар во кој целосно им изгорела куќата и им починале две деца.

📌 Во петокот Дестан имал многу висока температура и во попладнето Мевлиде заедно со својот сопруг и ќерка ѝ Мелиса, која исто така кашла, се обратила кај еден од матичните лекари во поликлиниката во Шуто Оризари.

📌 Мевлиде влегла сама со двете деца на преглед кај докторката која ѝ е матична лекарка на Мелиса. Мевлиде ја замолила докторката да го прегледа и Дестан бидејќи имал висока температура и тешко дишел. Докторката ѝ одговорила дека ќе го прегледа, но на приватно бидејќи сè уште немал здравствено осигурување. Откако маж ѝ на Мевлиде ѝ потврдил дека имаат 300 денари, колку што чинел прегледот, Мевлиде се согласила докторката да го прегледа и Дестан, но поради тоа што е на приватно, ѝ рекла дека сака целосен и добар преглед. Откако докторката го слушнала, ѝ рекла:- „Сега, поради ова, нема да го прегледам! Оди каде сакаш нека го прегледаат! Излези надвор!“

📌 Мевлиде, која е во осмиот месец од бременоста, ја замолила да го прегледа Дестан, но докторката упорно не сакала и ја бркала од ординацијата!

📌 Во момент на револт, Мевлиде го фрлила дезинфекционото средство кое стоело кај шалтерот. Тогаш, друга докторка излегла и силно ја зграпчила бремената Мевлиде за рака нанесувајќи ѝ видливи траги. Внатре, во заклучената ординација, докторките ја навредувале Мевлиде и цврсто држејќи ја за рака, не ѝ дозволувале да излезе надвор, сè додека сопругот на Мевлиде не ги слушнал врискотниците и не инсистирал да влезе внатре.

📌 Во истиот момент докторките го повикале обезбедувањето. Дестан и натаму „горел“ од температура. Дури откако стигнало обезбедувањето, Мевлиде излегла надвор. Заедно со децата и сопругот, таа веднаш се упатила до Клиниката за детски болести, а докторките викнале полиција бидејќи наводно се плашеле за својата безбедност.

📌 Викотниците ги посведочивме и ние, од Иницијативата. Ваквите случаи ја оправдуваат нашата загриженост за недостигот на матични лекари во Шуто Оризар, што секојпат негативно се одразува на квалитетот на здравствените услуги. Ја искажуваме и нашата загриженост за целиот случај кој е еден од многуте кои завршуваат со инцидент, а се резултат на немањето на сензибилитет и на непружањето на медицинска грижа кога станува збор за ромската заедница.

📌 Токму затоа, ги повикуваме надлежните институции, односно Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Комисијата за унапредување на правата на пациентите, Лекарската комора, Народниот правобранител, како и Комисија за заштита и спречување на дискриминација да постапат по поднесените претставки и да обезбедат еднаков пристап до здравствени услуги за ромската заедница!

извор: Иницијатива за жени од Шуто Оризари 
Total
9
Shares

USJE
Поврзани објави
Повеќе

Разговор со докторот кој го експлантира првото донирано срце во Македонија : Доминираше чувството на бескрајна почит кон делото на донорот

Денеска се навршува една година од првата трансплантација на срце во Македонија, односно денес срцето на покојната Емилија…