Милијардерот Бил Гејтс ќе гради нуклеарна централа

Две јапонски индустриски компании, наводно, планираат да се здружат со Бил Гејтс за да обезбедат техничка поддршка за високотехнолошкиот нуклеарен реактор што ќе биде изграден во американската сојузна држава Вајоминг.

Во јануари се очекува да биде потпишан договор, со учество на Јапонската агенција за атомска енергија (ЈАЕА) и „Mitsubishi Industries“ за обезбедување индустриска помош и податоци од напредните јапонски реактори.

Терапауер, нуклеарна енергетска компанија основана од Гејтс, планира да ја отвори својата централа во Вајоминг уште во 2028 година, а американските власти ќе обезбедат средства за покривање на половина од проектот вреден 4 милијарди долари, пишува „Business Telegraph“.

Работата на изградбата на брз реактор од 345.000 киловати кој користи натриум како течност за ладење ќе започне во 2024 година.

Total
3
Shares
Поврзани објави