Млада крушевчанка се бори за живот по убод од инсект

Младата крушевчанка Ирена Богданоска од понеделникот е во кома, откако ја каснал инсект и се наоѓа во приватна болница во Скопје, каде се бори за живот.

Лекувањето чини 1500 евра дневно, нешто што нејзиното семејство не може да го дозволи и отворена е донација на социјалните мрежи за Богданоска да оздрави и повторно да се врати кај нејзиниот сопруг и двете дечиња.

„Состојбата со мојата Ирена е многу лоша. Без размислување ја пренесовме во Систина, каде цела болница се бори за нејзиниот живот. Ја касна некаков инсект и за една минута падна во кома. Ги замолувам сите кои можат да донираат, за Ирена да ни се врати повторно дома“, ни истакна нејзиниот сопруг.

Донации може да се дадат преку следниот ЛИНК.

Total
5
Shares

USJE
Поврзани објави