Младоженец, невеста и цело семејство од Тетово позитивни на Ковид-19, ама си направиле свадба

Докторот Илчо Ефкоскина Фејсбук сподели дека во Тетово се организирала свадба иако младоженецот, невестата и целата фамилија знаеле дека се позитивни на Ковид-19.

“Не можам да верувам дека пази ова – зетот и невестата дошле да примат инфузии да се освежат пред свадба, испиле парацетамол од дома, не пријавиле на доктор дека воопшто имаат температура, свадба цела си истерале со сите салтанати.

Направиле дома брзи тестови, позитивни цела фамилија, ама не биле точни тие од аптека, сами ги купиле и ниеден не проверил ПЦР.

Да не биде ова доволно, братот со фамилијата, дел од позитивните, после свадба веднаш заминале на одмор во хотел Албанија. Немаше ништо да дознаеме, зетот да не заврши на инфективно одделение со пневмонија. Сега се чекаат следните за хоспитализација, веќе доста се позитивни од таа свадба“, напиша тој.

Total
8
Shares
Поврзани објави