Мухамед Зеќири од болница во куќен притвор

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, по неколку месеци поминати во притвор, во истражниот затвор ,,Шутка”, заминува во куќен притвор.

Одлуката денеска ја донесе Апелација, а од судот велат дека му е одземен и пасошот.

Зеќири изминатите денови беше на болничко лекување, па од таму ќе замине дома. Тој помина речеси 4 месеци во притвор, односно во ,,Шутка” влезе на 8 април.

Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале хрватски државјани.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Велибор Манев: Простете што излегов таква будала и му верував на Палевски, ранецот со оружјето фрлен во Вардар од вработен во Народна банка!

Од самиот почеток на постапката решив да ја зборувам вистината. Не порекнував ништо што сторив и дообјаснував работи…
Повеќе

Обвинение за Ел Чека

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе Обвинителен предлог против лице кое сторило продолжено кривично дело – Неовластено прислушкување и…