Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -8 степени, во Маврово и во Крушево се измерени -5, во Берово и Крива Паланка -4, во Штип, Дебар, Виница и Претор -3, во Охрид, Тетово и Струмица -2, а во Битола и Прилеп -1. Еден степен над нулата е во Скопје и Куманово, два во Демир Капија, а максимални три степени се регистрирани во Дојран и Гевгелија.

На Попова Шапка има и најмногу снег 55 сантиметри, во Маврово снежната покривка е 36, а во Крушево 16 сантиметри.

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно и студено. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени.

Во Скопје, претежно облачно и студено со умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Ромската заедница со претставка до Народен Правобранител: „Во Министерството за култура нема ниту еден вработен од ромска етничка припадност“

Во текот на вчерашниот ден, активистот за човекови права, Тефик Махмут, излезе со претставка за несоодветна и неправична…