Никола Димитров : Францускиот предлог е дипломатски дебакл – треба да се каже благодарам НЕ !

Напуштени црвени линии и дипломатски дебакл, обвинува поранешниот шеф на дипломатијата Никола Димитров по објавувањето на францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор и отворање на преговорите со ЕУ.

„Не знам што е пострашно, да им верувам на нашиве дека го немаат предлогот или да не им верувам. Ако не се во тек со предлог што се однесува на македонските маки со Бугарија, тогаш тоа е признание дека не си ја работеле работата за најважното прашање за нацијата. Ако пак го имаат, а велат го немаат, си играат со довербата на јавноста“, вели Димитров за ДВ

Предлогот на француското претседателство, смета екс министерот, не носи подалеку, а не поблиску до членство во ЕУ.

Димитров вели дека во целата ситуација има три прашања кои што бараат политичка одговорност.

„Прво, како тоа Владата ќе се согласи во името на 2/3 мнозинство во Собранието да гарантира внесување на Бугарите во Уставот. Второ, како тоа македонската страна ќе прифати бугарско малцинство во Северна Македонија, кога бугарската страна уште има проблем со идентитетот на македонското мнозинство. Конечно, кога тоа се напуштила нашата црвена линија билатералните прашања да не станат дел од преговарачката рамка? Нели зборувавме цело време за португалскиот предлог? Таму овие прашања ги немаше никаде во рамката.”  
Димитров смета дека со овој предлог, на Софија и се дава целосна власт врз нашата судбина. „Црно на бело. Една бескрајна агонија.”

„Затоа на овој предлог треба да се каже: благодарам не! Ќе чекаме европски пристапен процес. Верувајте, подобро е и са вас и за многу други идни земји кандидати. Дотогаш, ќе си работиме дома“, вели Димитров за ДВ.

целото интервју на dw.com.mk

Total
26
Shares
Поврзани објави