Ученици и вработениот наставен кадар од четири училишта по дојава за поставена бомба попладнево се евакуирани. Од министерството за внатрешни работи велат дека денеска околу 14 часот пристинале на маил адреси закани за поставена бомба во четири училишта.
„Веднаш по добиената пријава од полициските службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистувања на случајот“ велат од МВР.
Ова е втор пат како неделава да пристигнуваат закани за поставени бомби во средните скопски училишта. Денеска евакуација е направена во гимназиите „ Орце Николов“, Никола Карев и Јосип Броз Тито“. Минатата недела три дена по ред, во десетина училишта полицијата правеше проверки по дојави за бомби. До сега тоа беа лажни дојави.