Џафери на распит во обвинителство за неговиот избор за претседател на Собрание

Претседателот на Собранието, Талат Џафери беше повикан во Обвинителството за организиран криминал, за да даде исказ за настаните на 27 април. Се работи за постапка по службена должност, за тоа како Џафери е избран за претседател на законодавниот дом, по пријава на патриотско граѓанско здружение од Битола.

„Како и сите граѓани така и јас, Талат Џафери, се одзвав на поканата на обвинителство и ја извршив својата граѓанска обврска“ рече Џафери.

На новинарско прашање за обвинувањата од страна на здржението од Битола, Џафери рече дека тоа здружение може да каже што сака и дека не е негова грижа и нема потреба да го коментира.

Битолското здружение бара да се истражи дали на 27 април во законодавниот дом се случило велепредавство, злоупотреба на службената положба, противзаконско посредување, самовластие и насилство спрема претставниците на највисоките државни органи.

Основното јавно обвинителство кон средината на ноември информира дека отворило истрага за начинот на кој е избран Џафери за претседател на македонското Собрание.
Покрај Џафери, во Обвинителството и други пратеници добиле покана, а според информациите еден од нив е и Горан Мисовски.

извор: makfax.com.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави