Цел рид од карпи се сруши на патниот правец Кочани – Македонска Каменица – Делчево во близина на село Истибања, кај местото „Саваро“ со што целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица Делчево. Според информациите од вработени во „Македонија пат“ подружница Кочани, теренот е незбезбеден, камења се рушат на секои 5 минути и затоа возилата се пренасочуваат преку алтернативни сообраќајници. -Свлечиштето започнало да се руши околу 11 часот. Во тоа време имало само една цистерна која поминувала по патот, но кога видела дека паѓаат огромни камења возачот го запрел возилото. За среќа нема повредени. Од безбедносни причини патот е затворен за сообраќај, информираат од подружницата на „Македонија пат“ во Кочани. На терен се наоѓа и државниот инспектор за сообраќај и патишта кој врши увид на местото на настанот и со дополнителни информации ќе излезе во текот на денот. Од „Македонија пат“ најавуваат дека в наредните два-три дена патниот правец Кочани – Македонска Каменица – Делчево ќе биде затворен за сообраќај, бидејки ќе биде потребно минирање на останатиот дел од свлечиштето, а дополнително ќе следи и расчистување на теренот. Сообраќајот од Делчево и Македонска Каменица кон Скопје во наредните денови ќе се одвива преку алтернативниот патен правец преку селото Бигла.
Поврзани објави
Фуере предупредува, да не се потцени блокадата од Бугарија
Поранешниот амбасадор на ЕУ Ерван Фуере вели дека заканите на Бугарија за блокирање на преговарачкиот процес со ЕУ…
Д-р Илир Хасани се врати во болница
По пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, а 12 беа повредени, оставка од…
Планинари бараат да прекине еколошкиот геноцид во Лешница
Македонската алпинистичка федерација (МАФ) најостро ја осуди изградбата на неколку мали хидроцентрали на Лешница и бараат прекинување на…
Папата ќе се вакцинира против короната: „Тоа треба да се направи“
Папата Франциско во интервју за италијанската телевизиска мрежа Канал 5 најави дека следната недела ќе се вакцинира. Спротивставувањето…