Ново поскапување на струјата од 1-ви јули

ЕСМ понуди околу 20 отсто повисока цена на тендерот на ЕВН Хоум. Односно, произведената електрична енергија наместо 41 евро, во следните шест месеци ЕВН ќе плаќа 48 евра за мегават час.

Од ЕСМ велат дека тие ќе ја покријат целосната побарувачка од ЕВН ХОУМ, односно ќе обезбедат 100 отсто од потребите на струја.

-АД ЕСМ како најповолен единствен понудувач на тендерот му понуди на ЕВН ХОУМ купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра мегават час за покривање на 100 проценти од планираните количини, соопштина од компанијата.

Сега на ред е Регулаторната комисија за енергетика. Таа ќе треба да ја комплетира новата цена на струјата. Тоа што засега е познато е дека речиси сите енергетски компании кои доставија пресметка до Регулаторот, бараат зголемување на цената на нивните услуги. Електродиструбија дури и до 80 отсто, а МЕПСО бара зголемување на цената за преносот кој го врши за речиси 70 проценти. Од овие барања, РКЕ треба да одлучи што ќе биде прифатено, а што не. Се што треба да биде признаено како трошок ќе влезе во новата цена на струјата, во која најголем удел има понудата од ЕСМ.

РКЕ следната недела ќе ја донесе новата цена на струјата која ќе важи од први јули до крајот на годината.

Последен пат корекција на цената на струјата имаше во декември кога се зголмеи за речиси 10 отсто. Ваквата одлука беше донесена откако ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди нешто над 13 проценти повисока цена за произведената струја односно од 36 евра  ја згоеми цената на 41 евро за мегават час.

Од крајот на минатата годиина енергетските комапнии се соочуват со потешкотии во работењето поради сериозниот скок на струјата на светските берзи. И за да не дојде до сериозни скоковои државата прогласи кризна сосотојба на пазарот со струја и од буџетот вбрузга над 150 милиони евра.

Total
4
Shares
Поврзани објави