Нов тренд во светот: Масовно тетовирање на потврдата за Ковид

Во Италија зелениот картон е задолжителен за влез во ресторани, кафулиња, музеи, театри, базени, бањи, кина, па дури и концерти на отворено, па 22-годишниот Андреа Колонета одлучил секогаш да го има при рака, па го истетовирал QR кодот на раката.

Младиот Андреа Колонета живее во Реџо Калабрија, и како што вели, идејата да го „нацрта“ својот зелен картон трајно на неговата рака, дошла по разговор со неговата тату уметничка, Габриел Пелероне, која го довела делото до совршенство и читачот на QR кодови непогрешливо го препознава. Некои велат дека ова е прилично бизарен, но и многу ‘паметен’ начин да избегнете ситуации кога немате доказ дека сте вакцинирани. Родителите на Андреа исто така биле изненадени, иако ова не е негова прва тетоважа.

Татко ми дозна за мојата намера на социјалните мрежи. Се разбира, тој ме советуваше да не бидам толку импулсивен и да размислувам малку подобро за своите постапки“, вели Андреа Колонета.

Тој признава дека станал многу популарен на Инстаграм и Тик Ток поради тетоважата, но дека не очекувал дека оваа тетоважа ќе се раши толку брзо на социјалните мрежи. „На многу мои пријатели им се допадна тетоважата, иако имаше и такви што ме навредуваа“, додава Андреа.

Накратко, Андреа треба само да ја крене раката за да влезе во клуб.

Total
7
Shares
Поврзани објави