Повеќе од 60 луѓе се убиени во Газа

Од саботата наутро, 66 лица се убиени во израелските напади во Појасот Газа, вклучително и жртви на нападот на кампот за раселени лица во Деир ел Балах.

Ова утрово го објави палестинската новинска агенција Вафа.

Три лица загинаа синоќа кога израелски авиони бомбардираа станбена зграда во Деир ал Балах, во централниот дел на Газа, јави катарската телевизија Ал Џезира.

Околу седум Палестинци загинаа во израелски напад во близина на Рафах. Израел во последните денови изврши серија воздушни напади врз централните области на Појасот Газа, како и врз јужните градови на палестинската енклава – Рафа и Кан Јунис.

Израел најавува и копнена инвазија на Рафах, а меѓународните хуманитарни организации и некои светски претставници наведуваат дека тоа дополнително ќе ја искомплицира многу лошата хуманитарна ситуација за палестинските цивили.

Total
0
Shares
Поврзани објави