Протести во Франција поради пензиската реформа – запалено градското Собрание во Бордо

Големите протести во Франција поради донесената пензиска реформа во земјата резултираа со палење на градското Собрание во Бордо.

„Повеќе од милион луѓе во Франција се судрија со полицијата која користеше солзавец за растерување на демонстрантите. Запалени предмети и инциденти има и во Париз. Наредниот вторник е најавена посета на британскиот крал Чарлс III на Франциј, а синдикатите допрва повикуваат на нови протести“, објави „Би-Би-Си“.

Агенцијата „Ројтерс“ јавува дека маскирани демонстранти во Париз кршеле излози, демолирале јавен имот и нападнале ресторан на „МекДоналдс“.

„Се противам на оваа реформа и навистина се противам на фактот дека демократијата веќе не значи ништо“, изјави демонстрант за „Ројтерс“.

„Токму со протести ќе можеме да се огласиме, бидејќи на сите други начини не ни дозволија да ја повлечеме оваа реформа“, рече друг демонстрант за агенцијата АФП.

Total
0
Shares
Поврзани објави