Обвинение против Борис Стојменов за бесправно градење кај “Беко”, тој најавува нова афера РЕКЕТ

Обивинтелството поднесе обвинение против Борис Стојменов и неговата фирма за бесправно градње кај објектот Беко. Во соопстението пишува :

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно физичко и едно правно лице, кои се товарат дека сториле кривично дело – Бесправно градење од член 244 – а од Кривичниот законик.

Обвинетиот, како одговорно лице – управител во правното лице, почнувајќи од 2018 година, без правосилно одобрение за градење издадено од надлежен орган, во име и за сметка на правното лице како инвеститор градел деловен објект на сопствено земјиште на улицата „Даме Груев“, општина Центар.

За предметните две катастарски парцели, обвинетиот во 2016-та година добил Одобрение за градење, кое се однесува на доградба и надградба на тогаш постоечкиот објект Стоковна куќа Беко Скопје со ширина од 28,5 м и должина од 42,5 м. Со стручно мислење за неисполнување на карактеристиките за носивост на доградбата и надградбата, во 2018 година тој обезбедил Одобрение од Општина Центар за отстранување на постоечкиот деловен објект. Откако го урнал објектот, без да добие ново одобрение за градење, на лице место започнал и градел нов објект со димензии од 61 м х 34,5 м. Од градбата со нови димензии, која била проектирана како Деловен објект со намена Б-5 хотелски комплекси од 2-ра категорија на градби, без соодветно одобрение биле изградени две подземни нивоа.​​

За порталот А1.он, Стојменв изјавил дека судењата ќе бидат јавни и ќе се открие дека зад цел овој случај стои нова афера Рекет, но не откри детали.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Кацарска до Судски Сoвет: Jавно кажав дека фамилијата Камчеви се наши фамилијарни пријатели, но таа моја искреност не смее да се злоупотребува од кого било, а посебно не од јавен обвинител, згрозена сум

Бев згрозена од изјавата на обвинителката Лиле Стефанова, односно од нејзиното сведочење во случајот „Рекет“,  со оглед дека…
Повеќе

Лиле Стефанова со активности за скрининг на правосудството – одложено судењето за изборни нерегуларности против Груевски, Димовски, Бришковска и други

Денешното рочиште за предметот Титаник се одложи поради отсуство на обвинителката Лиле Стефанова. Таа го известила Судот дека…