Лиле Стефанова со активности за скрининг на правосудството – одложено судењето за изборни нерегуларности против Груевски, Димовски, Бришковска и други

Денешното рочиште за предметот Титаник се одложи поради отсуство на обвинителката Лиле Стефанова. Таа го известила Судот дека денеска имала состаноци со оценската мисија на ЕУ која е во земјава и прави скрининг на состојбите во правосудството.

Освен Стефанова во судница не се појави ниту адвокатката по службена должност на бегалецот Никола Груевски, кој е во Будимпешта. И таа известила дека има други обврски.

Во „Титаник“ за изборни нерегуларности, покрај Груевски обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко и други.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

За девет предмети ќе се бара екстрадиција на Груевски, Македонија ќе ја убедува Унгарија ветувајќи добри услови во затворот во кој ќе го сместат

Ново барање за екстрадиција на експремиерот Никола Груевски ќе биде упатено од министерот за правда, Кренар Лога. Тој…