Врховен ги потврди казните за „Тенк“, Јанкуловска треба да оди во затвор!

Врховниот суд ги отфрли жалбите поднесени од осудените во случајот „Тенк“, Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и Ѓоко Поповски и ги потврди пресудите изречени од Апелациониот суд, информираат од Врховен.

Во Случајот Тенк, отворен од згаснатото СЈО, предмет на обвинение беше незаконски тендер за набавка на луксузен „мерцедес“. Екс-министерката во МВР, Јанкуловска со првостепената пресуда беше осудена на затворска казна во траење од шест години, а Апелација ѝ ја намали на четири.

За истиот случај, Апелација, на помошникот во МВР, Ѓоко Поповски, кој со првостепената пресуда беше осуден на казна затвор од шест години и шест месеци, му ја намали на четири години, додека екс премиерот, Никола Груевски доби затворска казна во висина од две години.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави