Поднесено обвинение за две лица кои се поврзуваат со грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.
Едно од лицата е осомничено за делото грабнување, а второто за помагање.
Основното јавно обвинителство води постапка и за трето лице кое во моментов не е достапно за органите на прогонот.
Според обвинението првообвинетиот на 3 март годинава, заедно со лицето, кое се наоѓа во бегство и други непознати лица, го грабнале Самоил, со закана дека ќе го убијат.
„НАМЕРАТА ИМ БИЛА ДА ГО НАТЕРААТ ОШТЕТЕНИОТ ДА ПЛАТИ ПРЕТХОДНО УКРАДЕНА НАРКОТИЧНА ДРОГА – ХЕРОИН ВО КОЛИЧИНА ОД 4 КИЛОГРАМИ“, СООПШТИ ОБВИНИТЕЛСТВОТО.
Второто лице опфатено со Обвинителниот акт со умисла им помогнало, односно тој им го позајмил автомобилот со кој се превезувале додека го извршувале кривичното делот.
Со поднесувањето на обвинението, се бара од Основниот кривичен суд Скопје да го продолжи притворот за првоосомничениот, додека за помагачот се предлага куќен притвор.