Од болеста од кој почина Кико, никој не се излекувал – животниот век е околу 24-25 години, вели доктор Лазаров

Докторот Ненад Лазаров на Фејсбук сподели повеќе информации поврзани со болеста на Кико, момчето за кое се обедини цела Македонија и се собираа пари преку донации за негово лекување. Но, реалноста, за жал е таква, што од таа болест животниот век е околу 24-25 години.

Детално сето тоа го објасни Ненад Лазаров:

Кико почина од генетско заболување кое оневозможув поправка на DNK, во светот НЕМА ПРЕЖИВЕАН, има неколку регистрирани случаи на преживување до 30 и некоја година кај еден поддтип на болеста, но најчесто животен век е до 24-25 со добра грижа и нега.

Се работи за брзопрогредирачко заболување за кое не постои ефективен третман, со трагичен крај.

Никој не го убил детето во случајов, она што е факт и висина е дека државата нема систем за палијативна нега на терминални пациенти од ниеден вид ама најчесто се тоа возрасни пациенти за кои јавноста нема толку емоции па ваквите случаи ни се шокантни и не се направил притисок тој голем проблем да се реши.

Total
0
Shares
Related Posts