Од Кико, за Стефан: Половина милион денари помош за Стефан да обезбеди адекватен респиратор

И покрај смртта на малиот Кико, за него се одржа хуманитарниот концерт, а како што беше најавено финансиите се префрлија за друго момче кое има потреба од финансии. Неговото семејство се одлучи паричните средства да бидат пренаменети за лекување на малиот Стефан.

За оваа донација која вреди половина милион денари соопшти јутуберот Стефан Лазаров на својот Фејсбук профил. Неговата објава ја пренесуваме во продолжение.

Како што најавив пред 2 дена, ова утро од семејство Коцеви е извршена донација во вредност од 500,000 денари.. Ова е од Кико за Стефан❤️ Голем респект од мене за Горан, Катерина и Никица, семејство со вистински вредности, чесно и хумано. Заслужувате многу… а на малиот Стефан му посакувам брзо да се опорави.., напиша Лазаров на својот Фејсбук профил.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Матична докторка избркала бремена жена со болно дете – немале пари и докумети кои им изгореле во пожар во кој загубиле две деца!

„Дали Хипократовата заклетва важи кога се во прашање Ромите од Шуто Оризари?!“ Здравјето е основно човеково право загарантирано…
Повеќе

Видео: Како се трансплантираше срцето на Емилија, како работеше медицинскиот тим предводен од кардилогот д-р Сашко Јовев

По успешната трансплантација Иван утринава се рабуди со новото срце. Сега следува најважниот период од неговото закрепнување дали…