ФОТО : Обид за подметнување пожар во шума кај битолско Смолево

В очи денешниот верски празник Свети Атанасиј, патрон на црквичката кај Смолево, некој најверојатно се обиде да подметне пожар во околната шума, објавува порталот alpa.mk. Група битолчани кои вчера попладне се искачувале до црквата, движејќи се по патека која водела низ густа шума, наишле на кофи полни со пилевина, шишиња со гориво и некаква направа на која биле обележани знаците плус и минус.
Битолчаните раскажуваат дека кофите биле оставени под дабови дрва и на патеката која од двете страни е обрасната со бујна вегетација. Содржината во кофите била запалена. Тие го изгаснале огнот, недозволувајќи пожар да се рашири и да ја зафати шумата кај Смолево. Фотографиите ги испратија до редакцијата на Апла.мк да ги објавиме и јавноста да дознае за она што можело да се случи во шумата во тој реон .
Според фотографиите и раскажувањето на очевидците, ова не е ништо друго туку обид за потпалување на шумата. Кофите се самоделски направи кои не е исклучена можноста дека биле користени и за потпалување на други шумски предели во Битолско зашто пожари на отворено во околијата на Битола во изминатите години често се случуваа.
фото и текст apla.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Инспекција во штипската болница: Кои лекари и сестри дежурале ноќта кога никој не ѝ се јавувал на пациентка оставена без кислород која почина?!

Михаела Довичинска, ќерка на 41-годишна пациентка која починала на штипското инфективно одделение со билатерална бронхопневмонија и Ковид 19,…