Од компликации од коронавирус почина 29 годишна родилка од Куманово, бебето е во инкубатор

Во денешната статистика од Институтот за јавно здравје за починати од коронавирус, се најде и млада жена на 29 годишна возраст. Станува збор за родилка од Куманово, која се породила во седмиот месец од бременоста, а бебето се наоѓа во инкубатор.

Неколку дена родилката била во тешка здравствена состојба, а последните три дена била хоспитализирана, пренесува „360 степени“.

Од Министерството за здравство потврдиле дека родилката починала како резултат на тешката здравствена состојба.

Немала никакви комирбидитети и не била вакцинирана.

Во денешната статистика покрај родилката, регистрирани се уште три починати лица, и тоа на возраст од 49, 74 и 78 години.

Total
1
Shares
Поврзани објави