Османи: Никогаш не сум дал изјава што може да е навреда

Денеска се одржа подготвително рочиште по тужбата за Министерот за надворешни работи Бујар Османи во Основниот суд во Скопје од страна на Македонското меѓународно движење за човекови права кои го обвинуваат за навреда и клевета. Тужбата се однесува за изјава  дадена во октомври за бугарската БТВ во која Османи изјавил дека треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград и посочил дека токму Македонското меѓународно движење е еден од финансиерите на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград.

Од МНР денеска соопштија дека министерот за надворешни работи, Бујар Османи, нема да се појави бидејќи според него тужбата е неоснована. Додаваат дека Османи не добил ниту покана за рочиште, оти станува збор за подготвително каде присуствуваат само адвокати.

На следното рочиште закажано за 29ти мај предвидено е министерот да биде поканет и да се појави на суд за да даде исказ за случајот.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Сеад Кочан во болница

Сеад Кочан хоспитализиран во приватна болница пет дена пред да оди во затвор, според упатниот акт. Не се…
Повеќе

Адвокатот Дељо Кадиев: Членовите на Судски совет да дојдат во судница да ги докажат нивните препораки за безбедност во време на пандемија

По одлуката на Судскиот Совет и препораката да се одржуваат притворски предмети реагираат адвокатите кои секојдневно се во…