Петар го нема 10 дена – на распит во обвинителство родителите и братот

Десети ден се трага по 10 годишниот Петар Џобоски од Прилеп кој исчезна на 25 февруари во село Врбско, во прилепскиот дел на Мариово

Теренот, освен полицијата, го пребаруваат и граничните служби,  вработени во  Дирекцијата за заштита и спасување, Ценатрот за управување со кризи, доброволци и членови спасителната служба „Златоврв“ од Прилеп, кој влегоа и во напуштените рударски јами во Mариово, а со чамци ја пребаруваат и Црна Река.

-Ја пребаравме Црна Река во Прилепскиот дел на Мариово, остана уште еден дел во Тиквешко, каде постои можност водата да го исфрлила  телото. Ова се претпоставки,  но ќе го пребараме и тој дел од Црна Река само да дозволат временските услови. Инаку јас се спуштив и во јамата на напуштениот рудник „Партизанка“ на  длабочина од 70 метри, каде никој не влегол веќе 40 години. Ја пребарав и јамата но немаше ништо, вели Дарко Неданоски, спелеолог, член на спасителеното друштво „Златоврв“ од Прилеп, но и дел од тимот  на Дирекцијата за заштита и спасување.

Момчето исчезна од дворот од куќата во Врбско, каде семејството престојуваше неколку дена. Родителите забележаа дека Петар го нема во 16 часот, а откако не го најдоа низ селото, исчезнувањето го пријавија во полиција во 18 часот. Потрагата почна на 25 февруари вечерта, а од полицијата велат дека ќе продолжи  се до пронаоѓање на Петар кое е дете со посебни потреби.

Прилепското Обвинителство отвори и предмет за случајот, а на распит се повикани родителите и братот на Петар.

Total
19
Shares
Поврзани објави