Писмо-бомба експлодира во украинската амбасада во Мадрид, едно лице е повредено

  • Полицијата го активираше антитерористичкиот протокол и го опколи просторот каде што се наоѓа дипломатското претставништво

Шпанската полиција соопшти дека дошло до експлозија во украинската амбасада во Мадрид, пренесува Ројтерс. Станува збор за писмо-бомба, а еден вработен во амбасадата е повреден. Полицијата го активираше антитерористичкиот протокол.

Ројтерс јавува дека вработениот во амбасадата е полесно повреден и моментално е во болница. Според извори на кои се повикува Ефе, писмото бил адресирано до амбасадорот и не поминало низ скенерот, туку го отворил чувар во градината на амбасадата.

Полицијата го активираше антитерористичкиот протокол и го опколи просторот каде што се наоѓа дипломатското претставништво. Единици специјализирани за деактивирање на експлозивот „Тедакс“, како и други полициски единици излегле на местото на настанот.

Засега од амбасадата не сакаат да го потврдат настанот ниту да дадат изјави за него.

Total
7
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Кличко: Вечерва е нападнат Киев

Неколку експлозии одекнаа вечерва во Подол, историскиот кварт на Киев, изјави градоначалникот на украинскиот главен град, Виталиј Кличко.…