Погребани близнаците Луан и Албан, кои со родителите по одморот требаше да заминат за Германија

Најдобриот одмор во животот го имале во Истанбул. Само што ги средиле сите работи и се подготвувале заедно да заминат во печалба во Германија, но враќањето од Турција им ги попречи сите планови. Денеска четиричленото семејство Авни, го имаше своето последно патување, до гробиштата во Виштица.

Главата на семејството Авни заедно со сопругата Џихан повеќе од 7 години чекале Господ да ги благослови со деца.  Четирите тела беа погребани денеска. Зад себе оставија празна куќа, што ја прави уште поголема болката на членовите на семејството, соселаните и сите присутни на погребната церемонија.

„Тажни сме и депресивни, Бог да ги прости и да им се смилува“, рекоа соселаните.

На погребот присуствуваше и првиот човек на Општина Липково, Еркан Арифи.

„Денеска е тежок ден за жителите на општина Липково и пошироко, бевме на погребот, за заедно да ја споделиме таа болка. Иншалалах, Господ сите заедно не’ сретнува во Рајот.

Членовите на семејството велат дека надлежните им должат објаснување, одговорност  велат дека мора да има. Близнаците и нивните родители загинаа во опожарениот автобус на „Беса Транс“ на враќање од Турција, каде биле на краток одмор. Луан и Албан се најмладите жртви во трагиќната несреќа, која однесе 45 животи.

Тетовасот

Total
6
Shares
Поврзани објави