По нападите на руските сили Киев без вода

Без вода во Киев останаа 80 отсто од корисниците „поради оштететување на електроенергетски објект во близина на градот“ по денешните руски воени напади, информираше градоначалникот Виталиј Кличко.

Тој додаде дека локалните власти работат на тоа што поскоро да се санира дефектот. На жителите на Киев, градоначалникот им порача да се снабдат со вода „од најблиските пумпи и продажни места“.

Руските напади погодија критични инфраструктурни објекти во Киев и други украински градови, а тоа доведе до прекин во снабдувањето со струја и вода во повеќе области, како и застој во работата на јавниот превоз.

Total
1
Shares
Поврзани објави