Прв настан на Силјановска Давкова како претседателка

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска ќе го оствари првиот официјален настан по преземањето на функцијата.

Како што информираат од Кабинетот, таа во 14:00 часот ќе ги прими ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот во Тетово и „Мајка Тереза“ – Скопје.

Државава вчера го доби шестиот претседател и воедно прва претседателка од осамостојувањето – универзитетската професорка по уставно право и политички систем Гордана Силјановска-Давкова.

Петгодишниот мандат таа го почна со свечена заклетва и обраќање во Собранието откако ден претходно од Државната изборна комисија го доби уверението за Претседател по објавените конечни резултати од Претседателските избори 2024.

Total
0
Shares
Поврзани објави