Приведени 11 лица во вчерашните протести пред Собранието

Единаесет лица се приведени во синоќешните протести кои се одржаа пред законодавниот дом, а против францускиот предлог.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи повредени биле 47 полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца со сериозни повреди.

-На сите повредени полициски службеници им е укажана лекарска помош, а потешко повредените се пренесени во медицинските установи за санирање на повредите и медицинска нега, велат од МВР од каде истакнуваат дека повредените полицајци денеска ќе ги посети министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како што велат од МВР, за време на вечерашниот протест оштетувања на прозорците и фасадите се пријавени во сите три објекти: Владата, МНР и Собранието. Покрај ова, скршени биле 16 полициски штитови, повеќе заштитни полициски шлемови и радио-врски, а оштетена е полициска куќарка пред Собранието и едно полициско возило.

Total
1
Shares
Поврзани објави