Мајката на Пино во обвинителство

Мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трпковска денеска е повикана да даде исказ во скопското обвинителство. Трпковска само што дојде од Италија од каде преку постови на ФБ ја споделуваше својата тага но и бес за тоа како нејзиниот син е убиен. Обвинителството објави детали од кои таа последно што напиша е дека ќе си оди дома со три коски од нејзиното дете.

Постојано Трпковска апелираше полицијата да даде одговори за Пино додека беше ичезнат. Но последниот одговор и беше за неговата смрт и суровоста на убијците.

Пред само неколку денови обвинителството отвори истрага за двајца осомнилчени за убиство, од кои една е девојката на Пино, а другиот осомничен е во бегство. Осомничената девојка веќе е во 30 дневен привор.

По Пино Секондо се трагаше од декември лани, кога исчезна а неговиот скелет беше пронајден на крајот на април годинава во селото Љуботен. Обвинителството тврди дека има докази дека девојката го намамила, додека Али Ф. го извршил убиството и заедно го сокриле телото во дупка.

Total
0
Shares
Поврзани објави