Путин му рекол на Џонсон дека му треба една минута да ја ракетира Британија

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон тврди дека рускиот претседател Владимир Путин упатил директна закана кон него лани. 

Путин му се заканил на Џонсон со ракетен напад кога телефонски разговарале пред почетокот на војната во Украина. Сепак, екс британскиот премиер смета дека Путин само си поигрувал со него. 

„Путин ми кажа дека за тоа би била потребна само една минута. Ми го кажа ова откако го предупредив дека војната би била крајна катастрофа“, вели Џонсон во документарецот на Би-Би-Си „Путин против западот“.

Џонсон му рекол на Путин дека инвазија на Украина ќе резултира со санкции за Русија и уште повеќе НАТО трупи на нејзините граници. За да го премисли, Џонсон го убедувал дека Украина нема да се придружи на НАТО во блиска иднина.

Руските власти тврделе дека Русија веќе никогаш нема да биде понижувана. Војната почна лани во февруари и уште трае. Украина бара уште оружје од западните партнери. 

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Се оддава почит на настраданите во подморницата „Титан“: Нашите срца се со семејствата на загинатите, соопшти Белата куќа   

Американската морнарица открила „акустична аномалија која наведува на имплозија“ само неколку часа откако подморницата го започнала нуркањето во неделата, пишува…