Израелците ги нарекуваат „метрото на Газа“ – мистериозна мрежа на тунели што ги користи Хамас

Тунелите под Газа се најпознати премини кои се користат за криумчарење на стоки од Египет и за подготовка и почнување на нападите врз Израел. Но, постои и друга подземна мрежа која израелските одбранбени сили ја нарекуваат „Метрото на Газа“. Станува збор за огромен лавиринт на тунели, на неколку километри под земја, кои наводно се користат за превоз на луѓе и производи, за складирање на ракети и муниција и за сместување на командни и контолни центри на Хамас, далеку од љубопитните очи на Израелците, нивните авиони и надзорни дронови. Се верува дека толму мрежата на тунели ќе биде мета во претстојната копнена офанзива на израелската војска.

„Си-Ен-Ен“ пишува дека Хамас во 2021 тврделе дека изградиле 500 километри тунели под Газа, но нејасно е дали тоа е точно или не. Ако таквата информација е точна, тогаш подземните тунели на Хамас би биле нешто помали од половина од вкупната должина на системот на подземна железница во Њујорк, истакнува американскиот медиум.

„Тоа е многу заплеткана, многу голема, огромна мрежа на тунели на релативно мала територија“, вели Дафне Ричмонд Барак, професорка на израелскиот Универзитет Рајхман и експертка за подземно војување.

Не е познато колку мрежата на тунели на чинела Хамас, организација која управува со сиромашниот крајбрежен Појас. Но, бројката е веројатно значителна и во смисла на пари и човечки ресурси.

Газа е под копнена, воздушна и поморска блокада од Израел, но и под копнена блокада од Египет од 2007 година и се верува дека не поседува механизација која обично се употребува за изградба на тубели длабоко под земја. Познавачите велат дека копачиоте, кои користат основни алати, веројатно отишле длабоко под земја за да ископаат мрежа која е поврзана со струја и засилена со бетон. Израел веќе подолго време го обвинува Хамас за пренасочување на бетонот што е наменет за цивилни и хуманитарни цели.

Тунелите уште од средниот век биле атрактивна опција за војување. Денеска нудат предност на милитантните групи како Хамас во асиметричното војување, анулирајќи некои технолошки предности на понапредните армии како израелската.

Она што тунелие на Хамас ги прави поинакви од оние на Ал Кадеа во планините во Авганистан или Виет Конговите во џунглите во југоисточна Азија е што се изградени под еден од најгусто населените подрачја во светот.

„Не ме сфаќајте погрешно, но секогаш е тешко да се носите со тунели во било кој контекст, па дури и во планинско подрачје. Меѓутоа кога се под урбано, тогаш сè е покомплицирано – тактички аспекти, стратешки аспекти, оперативни аспекти и секако заштитата која се сака да се обезбеди за цивилното население“, додава Ричмонд Барак, која е виш соработник на Либер институтот за право и копнено војување и модерниот воен Институт во Вест Поинт.

Од нападите врз Израел на 7 октомври во кои досега се убиени над 1.400 луѓе, главно цивили, израелските одбранбени сили повеќе пати тврдеа дека Хамас се крие во тие премини „под куќи и во внатрешноста на згради кои се населени со недожни цивили во Газа“, претворајќи ги во жив штит. Од тогаш се убиени 2.670 Палестинци во израелските воздушни напади, соопшти министерството за здравство во Газа.

Израел во петокот апелираше до 1,1 милион Палестинци кои живеат во Газа да се преселат на југ, во пресрет на можната операција. Критичарите истакнаа дека таква наредна е невозможно да се изврши во краток временски период во средиште на воена зона.

„Преместувањето на цивили од Газа би можело да помогне во посигурно елиминирање на тунелите, но таквите операции би биле опасни“, истакна Ричмонд Барак.

Израелските одбранбрени сили може да ги уништи тунелите или да го направи привремено неупотребливи. Според Ричмонд Барак, најефикасен начин е бомбардирање, но таквите удари може да влијаат врз цивилите.

Total
0
Shares
Поврзани објави