Серија земјотреси го тресат југот на Хрватска, најсилниот бил со јачина од 3,8 степени

Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележала прилично силен земјотрес кај Пељешац утрово нешто по 7 часот. Јачината на земјотресот била 3,8 степени според Рихтеровата скала, пренесува хрватски „Индекс“.

Ова е четврти земјотрес што од утрово е регистриран во Хрватска.

Претходно, околу пет часот бил регистриран земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала на југот на Хрватска, кај Метковиќ, кој ги разбудил и граѓаните на градот Неум.

На социјалните мрежи хрватските граѓани коментираат дека земјотресите биле кратки, но јаки.

„Метковиќ, добро се затресе, ме разбуди“,пишуваат жителите на Метковиќ и Опузен.

Претходниот ден, потоа беа регистрирани уште два послаби земјотреси со јачина од 2,6 степени.

Во 18:57 часот Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележа слаб земјотрес со јачина од 2,6 степени во морето покрај брегот на Пељешац југоисточно од Жуљан.

Според сеизмолозите, земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала се смета за силен и може да предизвика помали оштетувања на зградите.

Total
0
Shares
Поврзани објави