Ракетен напад во центарот на Киев

Силни експлозии се слушаат во Киев, главниот град на Украина, утрово.

Градоначалникот на Киев потврди дека „неколку експлозии се забележани во главниот град во понеделникот наутро. Виталиј Кличко на Телеграм вели: „Неколку експлозии во квартот Шевченкив – во средиштето на главниот град. Сите служби се на терен. Детали подоцна“.

Има мртви и повредени, соопшти итната служба на регионот.

Сведок за новинската агенција „Ројтерс“ вели дека црн чад излегувал од зграда во центарот на градот, а некои тврдат дека „ракетниот напад го собориле“ украинските сили.

Руска ракета наводно паднала на градска улица во киев во близина на споменикот на Хрушевски.

Total
3
Shares
Поврзани објави