Израелскиот премиер од болница изјави дека се чувствува добро

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави видео изјава од медицинскиот центар „Шеба“ во близина на Тел Авив каде што беше хоспитализиран поради дехидрација и рече дека се чувствува „многу добро“.

„Вчера бев со сопругата на Галилејското Море, на сонце, без капа, без вода. Не беше добра идеја“, рече Нетанјаху и им се заблагодари на медицинските тимови кои се грижат за него.

Долгогодишниот израелски лидер бил однесен во болница на 15 јули, откако се чувствувал вртоглавица од дехидрација, соопшти неговиот кабинет. 73 годишниот Нетанјаху останал во болница, а лекарите препорачале да се продолжи прегледот, пренесоа новинските агенции.

Нетанјаху е лидер со најдолг стаж во Израел. На власт е 15 години во неколку мандати.

Неговата сегашна екстремно десничарска влада, збирка ултра-националистички партии, ја презеде функцијата во декември.

Израел се соочува со протести поради контроверзната судска реформа со која се ограничуваат некои од овластувањата на Врховниот суд. Противниците на реформата го гледаат новиот закон како закана за израелската демократија.

Total
0
Shares
Поврзани објави