Руски банки ќе бидат исклучени од платежниот систем Свифт, одлучија ЕУ и САД

Руски банки ќе бидат исклучени од главниот меѓународен платежниот систем Свифт, одлучија ЕУ, САД и сојузниците, пренесуваат светските агенции.

Свифт е глобален платен систем кој овозможува непречен и брз трансфер на пари преку границите и поврзува 11.000 банки и институции во повеќе од 200 земји.

Овој систем овозможува безбедно и брзо прекугранично плаќање, овозможувајќи ја меѓународната трговија.

Забраната за Русија да го користи системот што го користат илјадници финансиски институции ќе ја погоди банкарската мрежа на земјата и пристапот до средства.

Русија го користи системот Свифт за нејзиниот извоз на нафта и гас.

Total
18
Shares
Поврзани објави