Руските сили рано утрово изврши серија ракетни напади врз Киев предизвикувајќи материјална штета низ главниот град на Украина, пренесува „Киев индепендент“.
И киевскиот градоначалник потврди дека повеќе експлозии се регистрирани на неколку локации во градот, како и дека остатоци од падната граната во областа Холостив запалиле неколку автомобили.
Горат и објекти на повеќе локации низ градот.
Според Ројтерс, најмалку две лица се хоспитализирани поради повредите здобиени од експлозиите.
Од ракетните напади избувнале пожари во областите Соломјан и Шевченков, каде што се испратени службите за итни случаи во Киев.
Непосредно по предупредувањето за ракетен напад врз градот, според објавите на социјалните мрежи, веднаш се слушнале експлозии на повеќе локации.