Свекорот на респиратор , снаата во болница, заразени и двајца Американци – делта сојот потврден кај 10 лица !

Бројот на заразени со делта-сојот во земјава се искачи на десет лица откако беше потврдено дека тој е присутен кај четворицата сомнителни за кои вчера соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Како што дознаваме, станува збор за свекор и за снаа, од кои свекорот е во потешка состојба и е поставен да дише на респиратор. Тие живееле во заедница и биле дојдени од странство, но нема докази дека вирусот го донеле однадвор. Останатите двајца се брачен бар, Американци, исто така дојдени од странство кои се веднаш хоспитализирани и нивната состојба е стабилна.

Во моментов епидемиолозите вршат проверки на нивните контакти. Здравствените власти потенцираат дека лицата заразени со индиската варијанта на коронавирусот не биле вакцинирани.

Total
2
Shares

USJE
Поврзани објави